Celebrity

Филм за животот на Нелсон Мендела

Британскиот актер Идрис Елба ќе го игра поранешниот јужноафрикански претседател во биографскиот филм за него.

Филмот за Нелсон Мендела ќе се снима според автобиографскиот роман „Долгиот пат до слободата“ во кој претседателот ги опишал детаљите од детството, но и од затворот во кој поминал 27 години од својот живот.

–          Ќе го играм Нелсон Мендела и тоа е остварување на мојот сон, – изјавил англискиот актер кој е најпознат по улогата во серијата „The Wire“.

Снимањето на филмот започнува на лето, а дотогаш Елба ќе можеме да го видиме во филмот „Ghost Rider: Spirit of Vengeance“ каде игра заедно со Николас Кејџ.

Напиши коментар