8 типови на заведување кои успеваат без грешка
Флертувањето е секогаш забавно. А мажите обожуваат кога жените ги заведуваат. Многу жени мислат дека е доволно да изгледаат супер за да му се допаднат на мажот, но многу често едноставните ситници се тие кои прават мажот да се заинтересира. Ви прикажуваме 8 типа на заведување кои успеваат кај мажите. Обидете се со!
1. Едноставност
На мажите им се допаѓа кога девојката ќе им пријде и ќе им каже „Здраво!“. Многу од мажите сакаат кога жената е директна и кога ја презема контролата, ама на пријателски и ведар начин. Со насмевка и едноставно прашање ќе го олесни отпочнувањето на разговорот.
2. Задевање
Заиграни и забавни девојки му се интересни на секој маж. Мажите во своето друштво меѓусебно се задеваат и на тој начин градат поврзаност и пријателство меѓу себе. Ако и девојката така се однесува. Тоа ќе го воодушеви.
3. Достапност
Достапните девојки кои не се срамат да ја покажат својата заинтересираност имаат голем плус кај мажите. Тие послободно ќе и пријдат на девојка која понекогаш би се издвоила од своите пријателки и друштвото. Седнете во негова близина и отпочнете разговор со лесна тематика. Уште еден совет – обожуваат „ дами во неволја“! Во колку сте силна и самостојна жена, обидете се да ја играте таа улога и да откриете како таа делува на машкиот пол. Кога на жената и е потребна помош, мажот многу побргу ќе и притекне во помош, бидејќи на тој начин тој ужива во улогата на „спасител“.
4. Говор на телото
Пријателскиот говор на телото е многу важен во заведувањето. Многу од жените не можат да сфатат дека понекогаш изгледаат налутено и недостапно. Со ставот на телото покажете му дека сте заинтересирани за него, а рацете никако не смеете да ги држете прекрстено бидејќи така изгледате одбојно и недостапно.
5. Насмевка
Кога ќе види дека девојката се смее и забавува, мажот ќе посака да ја запознае и да стане дел од нејзиниот живот. Неверојатно, но ќе се зачудите колку насмевката мажот ја смета за најсекси ствар на женското тело!
6. Допирање
Лесно допрете го неговото рамо, раката, коленото или долниот дел од грбот. Мажите ги обожуваат допирите, но не и многу нападните.
7. Слушање
Им годи кога ќе видат дека жените се интересираат за нив, и кога тие детално и со интерес ги слушаат додека тие зборуваат за својата работа или за своето хоби.
8. Koмплименти
Пофалете го неговиот изглед, прашајте го каде оди на вежбање… Како и жените, и мажите сакаат да им дават комплименти, а тоа е совршена прилика и да го допрете кога веќе му давате комплимент за убавиот изглед на неговото тело.