After Midnight

Флертот – силно оружје за оние што знаат како!

Флертот е вистинска уметност и секоја жена треба да го владее, ако сака да има успех со мажите. Меѓутоа кога флертот премине во начин на редовна комуникација, тогаш веќе станува збор за лош имиџ.

Жените кои умееат добро да флертуваат обично не се најубавите, но имаат шарм и го привлекуваат погледот. Тие го искористуваат потенцијалот на својот шарм максимално.

Тие провоцираат со секое свое движење, со секој свој гест, збор или поглед. Во умерениот флерт нема ништо лошо. Тој го топи ледот и овозможува луѓето да се чувствуваат пријатно и опуштено.

Но кога флертот станува штетен?

Жените кои не престануваат да флертуваат, обично губат претстава кога и во кои ситуации не треба да делуваат провокативно.

Дури и да се во врска, тие сакаат да ги држат останатите мажи под притисок и да им испраќаат индирекни сигнали.

И покрај тоа што е малку крајно да го делиме флертот на лош и умерен, сепак важно е да се каже дека првиот тип жени злоупотребуваат со флертот и не секогаш го применуваат логично и добронамерно.

Некои жени едноставно мислат дека целото машко внимание на земјата треба да е насочено кон нив. Тие дури не обрнуваат внимание на останатите фактори – дали мажот е зафатен или не, дали тие самите имаат врска или не, дали не се наоѓаат на место каде ваквото однесување и провокација е апсурд и сл.

Агресивното флертување и обидувањето да се привлече внимание по секоја цена е знак за недоволна самодоверба во сопствените квалитети.

Ако сакате да флертувате, флертувајте, тоа е дел од нашата природа. Но научете да ја препознавате границата – жените кои претеруваат изгледаат како лесни и несериозни жени. Тие многу лесно влегуваат во машките фантазии, но уште полесно излегуваат од таму.

Напиши коментар