After Midnight

Формула за заљубување

 

Се е тоа чиста хемија, или пак можеби и нешто повеќе од хемија… Научниците тврдат дека формулата за заљубување е многу едноставна. Ако сакате да се заљубите треба само да глумите заљубеност.

Направено е едно истражување со кое се докажа дека глумењето на чувства може да биде привлечно за спротивниот пол. Така се поголеми шанските да освоите некого, а со самото тоа си ги зголемувате шансите и вие да се вљубите во таа особа.

Oдредено однесување може да предизвика одредени чувства, тврдат психолозите.

Научниците  во ова истражување ги споредиле и браковите кои се склучени од интерес и браковите кои се склучени од љубов. Дојдено е до сознание дека кај оние бракови од интерес, со годините чувствата се развивале и дошло до многу поголема љубов отколку кај браковите кои се склучени од љубов.

Едноставно е, намсејте се и глумете вљубеност. Ќе бидете привлечни за спротивниот пол. Вам ќе ви се допадне чувството и ќе целите кон реалното. Пробајте ја и оваа формула.

Напиши коментар