Моден фотограф – Ричард Ворен (Richard Warren)

Ричард Ворен е роден во Хјустон, Тексас. Неговиот татко бил новинар. На возраст од 15 Ричард се преселил на северо-западниот пацифик. Во школувањето се здобива со диплома на Графичка уметност на Вестерн Вашингтон Универзитетот.

До својата 21 година се сели во Њујорк и почнува да работи како асистент на големи фотографи: Bill King, Helmut Newton, Denis Piel, Robert Mapplethorpe. На возраст од 26 години ја добива првата шанса во Милано каде работи на 30 страни Културенм едиторијал во италијансиот базар фотографирајќи го Валентино, и други топ имиња дизајнери.

Неговата работа продолжува во Милано и Париз, потоа во Сиднеј Австралија за австралискиот „Vogue“, „Follow-Me“, „Dolly“ и австралискиот „Harpers Bazaar“. Во 1990 Ворен се враќа во Њујорк и почнува профитабилна кариера во модната фотографија. Есента 2001 год. претставува застој не само за Њујорчаните туку и за целиот свет.

Во овој период тој ја намалува комерцијалната работа и се впушта во дигиталната фотографија, како резултат на што го гради врвно 22-мега пиксели дигитално студио во Менхетен. Неговото познавање во дигиталната слика е комплетно, од фотографирање до пост-продукција и сето тоа е возможно кај него.

Денес Ричард Ворен живее во Њујорк со фамилијата – неговата жена и две деца.










