After Midnight

Фрази кои ги излудуваат жените

Мажите успеаја да направат уметност од изговарање погрешни фрази во пресудни моменти.  Паровите кои живеат заедно во просек годишно се караат по 2455 пати, откри неодамнешното истражување. Караниците најчесто започнуваат заради парите, сексот, делењето на домашните активности … Истражувањето дојде до интересен резултат кој вели дека  партнерите 112 пати годишно се караат само поради тоа што едниот не го слуша другиот што ќе каже.

Често мала расправија завршува со голема кавга само заради погрешните коментари, за кои машките се многу талентирани.

Жените се посебно алергични на следните машки фрази:

Чекај не те пратам. Што збореше?

Зашто не си како Марија ( девојката на неговиот пријател)? Она секогаш се смее.

Чекај да земам пиво.

Што полуде одеднаш? Сигурно ти е ПМС!!!

Ќе го завршиме муабетов друг пат.

Навистина не си нормална!!! Мислев дека се шалиме!!!

Иста си како мајка ти!!!

Не те разбирам за што ми зборуваш!!!

Остај ме сеа имам попаметна работа.

Значи ништо од сексот вечерва?

Напиши коментар