After Midnight

Фризурата открива какви сме во кревет

Научниците тврдат дека, врз база на вашата фризура, може да се открие какви сте во кревет: уредната фризура открива дека сакате да ја „водите играта“, дивата коса укажува дека не се срамите во сексот, додека „коњското опавче“ укажува дека сте страсни.

Се мора да биде на свое место, односно секогаш уредна фризура, дури и кога сте дома, а тоа укажува дека во сите аспекти на животот сакате ред и дисциплина. Сакате вие да ја имате топката во кревет, па ретко му дозволувате на партнерот да превземе иницијатива. Сепак, ако секогаш мора да имате контрола, тоа може да ве спречи да ужвате. Затоа бидете поопуштени!

Сосема спротивна е дивата и распуштена коса, таа е симбол дека жената се чувствува добро во својата кожа, дека е опуштена во љубовта и сексот, односно дека нема сексуални „стеснувања“.

„Коњското опавче“ прави жените да изгледаат како ученички, што е една од најголемите машки фантазии. Но ваквите жени во кревет најчесто се многу страсни, а научниците тврдат дека тие имаат и голема сексуална самодоверба. Сакаат брз и жесток секс, но понекогаш треба да се препуштат и на малку романтика.

Напиши коментар