Мери Џеј Блајџ премиерно го прикажа музичкото видео за последниот сингл со наслов „Mr. Wrong“. Додека во поголемиот дел од спотот можеме да ја видиме неа, на почетокот се појавува и раперот Дрејк, кој ги кажува рап стиховите од оригиналната верзија на песната.
Што се однесува до текстот на песната, Мери како и секогаш е во право. Зарем не е вистина дека лошите момци не се добри, а дека добрите момци не ни се интересни? Како и секоја од нас и таа е вљубена во господинот Погрешен.
Оваа трака се наоѓа на најновиот албум на Блајџ „My Life II… The Journey Continues (Act 1)“.
Еве го и музичкото видео: