Celebrity

Ганси ќе ги видиме заедно?!

Она што нивните обожаватели го чекаа со години, најверојатно ќе се оствари многу наскоро. Оригиналната постава на групата „Guns N’ Roses“ ќа се собере заедно на едно место кога бендот ќе влезе во историјата на Рокенрол холот на славните.

Веста за медиумите ја открива клавијатуристот Дизи Рид, кој всушност не е член на изворната петорка. Според него, на 14-ти Април на сцената во Кливленд ќе бидат присутни сите членови на групата кои го снимиле првенецот „Appetite for Destruction“.

Аксел Роуз по повеќе од 15 гозини пауза ќе им се придружи на Слеш, Изи Страдлин, Даф МекКеган и Стивен Адлер. Засега не се знае дали бендот на церемонијата ќе отсвири некоја песна за своите фанови.

Напиши коментар