Мојата кујна

Gateau – колач од ананас

Ананасот со право се нарекува „крал на овошјето“. Ова егзотично овошје содржи кралска количина на здрави и корисни состојки. Ананасот е богат со ензими, витамини, минерали. Ананасот го јакне природниот имунитет на организмот и го чува здравјето на човекот. Ананасот не само што е здрав, туку е и прав козметички волшебник, кој и од надвор и од внатре ја храни кожата, ја чува нејзината влажност, ја обновува, ја чисти и ги собира порите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 конзерва ананас

250 грама путер

4 јајца

2 големи чаши брашно

4 мали чаши шеќер

кора од еден лимон

прстофат сол

ПОДГОТОВКА:

Пред да почнете да го подготвувате тестото, во тавата во која ќе го печете колачот ставете го 2 мали чаши шеќерот и на тивок оган мешајте додека не се караменилизира.

Разделете ги белките од жолчките.

Од белките и прстофат сол направете шлаг.

Додека пак од жолчките, путерот, шеќерот, брашното, кората од лимон и сокот од конзервата ананас  измиксирајте ги убаво за да се спојат сите состојки. На оваа смеса додадете го шлагот од белки и со лажица мешајте додека не добиете компактна маса.

Ананасот од конзервата наредете го врз карамелизираниот шеќер во тавата за печење. Потоа додадете го пандишпанот.

Печете на 180 степени Целзиусови од 30 до 40 минути. Откако колачот ќе се испече, почекајте да се олади и потоа на поголема чинија превртете го колачот.

Декорирајте по желба.

Верувајте ќе уживате во вкусот!!!

Write A Comment