Celebrity

Глупавиот продолжува без поглупавиот

Веќе е најавено снимање на продолжението на култната комедија “Глупавиот и поглупавиот”.

И кога сите ние помисливме дека ќе имаме уште една добра комедија која ќе не засмејува со години, странските медиуми објавија дека Џим Кери не ја прифатил улогата во продолжението.

Тој изјавил дека воопшто не е задоволен од продуцентите. Очекувал дека продолжението ќе биде нешто што нема да го натера да се двоуми и да размислува, но сепак работите биле далеку од очекуваното.

Токму затоа тој ја одбил улогата. Филмската штампа шпекулира дека ако Џим Кери не се појави во филмот, продолжението нема да се оствари бидејќи нема смисла некој друг да го глуми него.

Инаку “Глупавиот и поглупавиот” сниман во 1994 година заработи неверојатни 250 милиони долари.

Напиши коментар