After Midnight

Глупости со кои жените ја уништуваат врската

Кога врската ќе стане стабилна и долга од страв да не го загубат партнерот жените почнуваат да прават глупости со кои на крајот ја уништуваат врската.

Избегнување на конфликти

Се плашите од неговата реакција па затоа ги премолчувате работите кои ви сметаат. Наместо да кажете и да се потрудите работите да се променат вие се одлучувате на чекор кој ќе ја донесе врската на пропаст. Кој маж сака жена која ќе седи и намуртено ќе го гледа?

Форсирање на партнерот

Од страв да не се досадни за партнерот, многу жени смислуваат секакви активности кои не се ни малку забавни за партнерот па сето тоа тој го доживува како притисок.

Запоставување на сопствениот живот

Го сакате, но тоа не значи да се запоставите себе си. Мажот не сака опсесивна жена која нема ништо друго во животот освен него.

Инсистирање на секс

Не може засекогаш да останете во фазата “три пати на ден”. Мало затишје е нормално и не треба секогаш да го форсирате партнерот на секс.

 

Напиши коментар