After Midnight

Го избираме партнерот според „опаковката“

Луѓето не обрнуваат големо внимание на внатрешноста и го избираат партнерот според убавата „опаковка“, е теза која веќе е потврдена и од страна на науката.

При онлајн запознанствата фотографијата на профилот го прави првиот и најважен впечаток, покажа најновото истражување.

Стотици луѓе можат да го разгледуваат вашиот профил секојдневно, но она што веднаш го зграпчува вниманието е фотографијата. Последните истражувања покажуваат дека луѓето го избираат партнерот визуелно. Сведоци за тоа се социјалните мрежи и сајтовите наменети за запознанства. Сите ја погледнуваат најпрво фотографијата пред да се обидат да откријат било што друго за човекот што стои позади неа.

Ако сакате да го сретнете вистинскиот човек и сте спремни за стабилна врска, а не само флерт, изберете реална фотографија, советуваат психолозите. Не лажете за вашиот надворешен изглед. На крај, човекот што сте го привлекле, рано или касно ќе треба да ја види вашата вистинска личност и се она што вие го претставувате и поседувате како изглед и карактер. Затоа е подобро да се биде искрен, отколку некого да разочарате.

Секако голема предност имаат убавите луѓе кои лесно го привлекуваат вниманието, но дали ќе го задржат зависи од она што го носат во себе како личност.

Наш совет е да се грижите максимално за својот физички изглед, бидејќи научно е докажано дека убавите луѓе имаат многу поголеми шанси и отворени врати во сите свери во животот.

Исто така ја подржуваме и тезата дека често пати нашата душевност се испишува на нашето лице и дава слика на она што го поседуваме внатре во себе. Лицето како огледало на душата.

Напиши коментар