Треба да му признаеш??? Да молчиш??? Еве што треба да направиш…
Можеби навистина го сакаш твоето драго момче, но, признај дека кога ќе наидеш на некое друго слатко момче…се прашуваш…каков ли би бил во кревет ???
Без разлика дали се работи за бакнеж или секс, тешко е да се носи чувството на вина кое се јавува подоцна. Следниве совети ќе ти помогнат полесно да се избориш со последиците од неверство… А следниот пат добро размисли пред да ја направиш истата грешка !!!
1. Немој да се „ испуштиш “
Можеби твојата мајка ти кажува дека најдобро е да си искрен, но во оваа ситуација, стручњаците советуваат да молчите. Ако станува збор само за една „ авантура “, најдобро би било да не му кажеш. Иако можеби ќе се чувствуваш подобро, со тоа би ја повредила и уништила довербата која постои помеѓу Вас. Не кажувајте и на други. Така се зголемуваат шансите да дознае.
2.Истражи ги твоите мотиви
Кога една жена изневерува, макар и тоа да се случило само еднаш, обично во врската постои некој проблем. Жените најчесто се склони кон неверство, доколку врската сексуално стагнира или ако се чувствуваат занемарени. Другиот ѝ овозможува нешто што жената не го добива од сегашното момче. Ако е во прашање врска која вреди да се спаси, морате да го решите проблемот или ситуацијава ќе се слоши.
Прашај се зошто тоа го направив, а потоа дај му до знаење на твојот сакан за она што ти е потребно. Сепак, не признавај. Можеби љубовта згаснала, можеби си исплашена да го решиш проблемот и затоа со спиењето со друг пробуваш да ја уништиш врската, дури и на потсвесно ниво. Направете си услуга ( истовремено и нему ) – Пресечи !!!
3.Што ако открие ???
Дури ако ги имаш скриено сите траги, можеш да бидеш откриена. Доколку пак сакаш да останеш со него, најмалку што можеш да направиш е да кажеш колку жалиш, да се заколнеш дека нема да се случи повторно и да молиш за прошка.
Во тој момент сеуште е рано да влезеш во причините кои те натераа да го направиш тоа. Почекај неколку недели пред да му соопштиш било што, тврдат психолозите. Конечно, неверството може сериозно да го разниша егото на твоето момче, затоа поработи на дигањето на неговата самодоверба. Без оглед на се, тој ќе биде лут и ќе му треба простор. Ако е така, остави го некое време сам, додека одлучи дали ќе ти прости…
