Се работи за филм во продукција на „Ново Македонско Видео“, а во него се испреплетуваат 10 љубовни приказни, секоја изработена од различен режисер. Десет херои, секој од нив со своја битка и визија за градот, ни прикажуваат различна перспектива на околината во која живееме, создавајќи синергија наречена „Скопје Ремикс“.
Од актерите кои ќе се најдат на филмското платно ќе ги видиме: Дејан Лилиќ, Александар Микиќ, Дади Ангеловски, Кирил Коруновски, Камка Тоциновски, Јордан Симеонов, Милан Тоциновски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Оливер Митковски, Ана Стојановска, Славица Николовска-Спасова, Софија Куновска, Јулија Милкова, Влатко Христов, Ирфан Незир, Ерма Куртишова и други.
„Скопје Ремикс“ е всушност филм со 100-тина различни уметници. Филмот има за цел да направи визуелен ремикс на градот, покажувајќи ни го Скопје какво што го знаеме денес, но и едно поинакво Скопје кои сите сакаме да го видиме еден ден. Филмското остварување ќе ја промовира македонската уметност на различни нивоа и начини, а особено ќе се фокусира на македонската музичка сцена, вклучувајќи повеќе македонски високо-квалитетни музички автори.
Погледнете го трејлерот: