Celebrity

Годишнина од смртта на Ејми Вајнхаус

 

Пред една година ненадејно почина младата и ултра талентирана музичка ѕвезда Ејми Вајнхаус.

Таа е добитничка на пет Греми награди, успешно котираше на врвот на сите музички топ листи со секој нејзин хит.

После  долго испитување сепак е утврена вистинската причина за нејизната смрт. Ејми била „чиста„ од дрога скоро три години. По тој долг сув период таа почнала многу да пие. Алкохолот бил пресуден за нејзината смрт.

Таа последниот период од животот го помина со неколку неуспешни настапи, како резултат на предозирансот од алкохол.

Сепак таа остави вредно дело зад себе, многу добра музика која ќе ја слушаат генерации и генерации.

Напиши коментар