Здраво тело

Големата сила на малите семки

Ретко која друга намирница која обилува со хранливи состојки да е толку занемарена во исхраната како што се семките. Секоја семка во себе содржи се што е потребно за раст на билка, што ја оддава нивната моќ и иднина на животот.

Енергетската вредност на сончогледот не заостанува нешто зад оревите и останатите оревести плодови. Половина од содржината која ги сочинува се мастите, но тоа се високо квалитетни масла, т.н незаситени масти кои му се многу потребни на отганизмот.

Сончогледот изобилува со високо квалитетни есенцијални масла кои се важни за правилно функционирање на низа важни функции во организмот.

Не може да се каже дека тие имаат голема содржина на витамини, освен голема количина на витаминот Е, има и малку витамин А, и витамин Б освен Б12.

Write A Comment