Грашокот ги содржи речиси сите аминокиселини. Богат е со витамин К, па помага за здрави и цврсти коски. Овој витамин е неопходен за поврзување на калциумот, што е важно за цврстината на коските.
Се препорачува на оние кои имаат недостаток на железо во крвта.
Богат е со фолна киселина, и сите витамини од Б групата. Грашокот е важна намирница за кардиоваскуларното здравје. За разлика од боранијата која има многу ниско количество на шеќер, грашокот содржи голема количина па не се препорачува на дијабетичарите.
