Иако постојано се трудиме да се разубавиме и да го негуваме правилно нашето тело, неизбежно е дека правиме некои грешки при тој процес. Еве неколку грешки кои ги правиме при негата на нашето тело:
Го менуваме шампонот: Шампонот ја отстранува маснотијата на косата, остатоците од производите за стилизирање додека регенераторот, ја храни и хидратизира косата. Сепак, некои жени често го менуваат шампонот бидејќи мислат дека шампонот по некое време ги губи својствата ако косата се навикне на него. Заради ова верување, многу жени имаат проблеми со косата и со првутот, затоа што, дури и ако го пронајдат идеалниот шампон, тие повторно ќе го сменат.
Користиме само сапун: Точно е дека сапунот најдобро ја чисти кожата. Но со сапунот вашата кожа е незаштитена се додека не се обнови природната рамнотежа на површинскиот слој која сте ја изгубиле при миење. Најсигурен начин за чистење на кожата, особено онаа на лицето, сепак е млекото, кремата или гелот за чистење, кои содржат состојки кои ја негуваат и штитат кожата.
Користиме силен заштитен фактор: Денес повеќето луѓе, заради постојаните информации дека радијацијата е зголемена, одат на плажа со заштитен фактор поголем од SPF 30, па дури и со SPF 90. Сепак, научниците предупредуваат дека оптимално е да користите SPF 30 заштитен фактор, затоа што поголемите фактори всушност имаат спротивен ефект, односно се канцерогени за вашата кожа.
