На почетокот се ни изгледа идилично, но љубовните врски со текот на времето се менуваат. Еве ги најлошите грешки со кои жените ја уништуваат врската:
Инсистирање на неговиот „потенцијал“
Почетната привлечност помеѓу две личности обично прави да ги занемариме меѓусебно нашите недостатоци. Тоа е нормално, бидејќи никој не е совршен. Меѓутоа, многу жени продолжуваат да бидат „заслепени“ од своите партнери, па по некое време мажите почнуваат и лошо да се однесуваат кон своите партнерки. Затоа, добро е да ги знаете неговите недостатоци, за да не дозволите ниту еден од вас да биде повреден.
Претпоставувате дека го разбирате:
Истражувачите постојано укажуваат на разликите во начинот на кој размислуваат мажите и жените. Една од најголемите грешки кои жената може да ги направи е да претпостави дека тој треба да размислува како неа и во секое време да знае на што мисли таа.
Глумење само за да го задржите:
Ова можеби звучи како клише, ама повеќето мажи се заинтересирани за оној тип на жени кои знаат точно што сакаат и се чувствуваат удобно во своја кожа. Нема ништо лошо во тоа да „играте улоги“ додека сте во кревен, но во љубовната врска мора да останете верни на себеси и на она што вистина сте.
