Celebrity

Guns n’ Roses на EXIT!

Еден од најпознатите рокенрол бендови на сите времиња „Guns n’ Roses“ ќе настапи на овогодинешниот EXIT фестивал кој ќе се одржи од 12-ти до 15-ти Јули.

Откако во април ќе бидат примени во Рокенрол холот на славните, Axl Rose и екипата ќе продолжат во Нови Сад каде уште еднаш ќе ги размрдаат своите фанови во Србија и на Балканот.

–          Долго време пред нив немаше некој нов, добар и истовремено така нестабилен бенд кој со својот успех прави и продава платинести плочи, но сепак, и понатаму звучи уверливо одметнички, – изјавил организаторот на EXIT.

Промотивната цена на влезниците чини 65 евра, а редовните билети ќе чинат 100 евра.

Напиши коментар