Celebrity

Gwyneth Paltrow и Antonio Banderas како љубовници!?

Холивудската актерка Gwyneth Paltrow ќе ја игра љубовницата на Pablo Picasso во биографскиот филм за прочуениот шпански сликар кој ќе го глуми Antonio Banderas.

Приказната во филмот со наслов „33 дни“ го следи животот на сликарот за време на цртањето на познатата слика „Герника“. Филмот нема да се фокусира само на креативната работа на Picasso, туку и на љубовната приказна помеѓу него и француската уметничка Dora Maаr.

Gwyneth која е преубава за оваа улога ќе мора малку да „огрди“ со цел поверодостојно да ја прикаже музата на светски познатиот сликар. Dora била фотограф и сликар кога во 1936 година го запознала Picasso и биле во врска 9 години. Picaso ја напуштил кога добил дете со Marie Therese Walter.

Напиши коментар