Celebrity

Halle Berry спасува животи!

Оскаровката Halle Berry ќе игра во филмот во кој напрво ја одбила главната улога. Актерката Berry (45) во филмот ќе ја игра докторката која оперира во итната служба на една болница и сосем случајно добива шанса да ѝ го спаси животот на една тинејџерка која била загрозена од ментално пореметен убиец.

Филмот ќе биде во режија на Brad Anderson, а снимањето треба да започне во јуни во Лос Анџелес. Се работи за трилер со наслов „The Hive“ чии продуценти се Robert Stein и Michael Helfant.

Наскоро Halle треба да го промовира и својот последен филм со наслов „Мрачна плима“ во кој глуми заедно со својот вереник Olivier Martinez.

Напиши коментар