Celebrity

Харисон Форд е повторно истребувач!

Според британските филмски списанија, Харисон Форд повторно ќе го игра Рик Декард од причина што режисерот Ридли Скот сака публиката да го доживее „Blade Runner 2“ како вистинско продолжение на првиот дел од филмот снимен во далечната 1982 година. Во тој филм, Харисон Форд бил во главната улога, па режисерот ќе се потруди да работи со истата постава.

Дејството во првиот дел се одвива во Лос Анџелес, 2019 година и во него се работи за истребувачот Рик кој има задача да пронајде и уништи четири андроиди. Засега, не е познато дали продолжението ќе ја има за основа истата приказна или ќе се работи за нешто сосема ново подалеку во иднината.

Филмот е адаптација на приказната од Филип К. Дика, а снимањето треба да започне кон средината на идното лето.

Напиши коментар