Celebrity

Хермиона – крадец!?

Актерката Emma Watson ја добила главната улога во филмот „Bling Ring“.

Филмот на Sofia Coppola ќе биде снимен по вистинска приказна за една група тинејџери кои неколку месеци го вознемирувале Холивуд и ги ограбувале куќите на славните. Биле ограбени куќите на Orlando Bloom, Paris Hilton, Megan Fox, Lindsey Lohan и многу други.

На Emma ќе ѝ биде доверена улогата на една од ограбувачките, а сеуште не се знае кој ќе ги глуми останатите криминалци. Групата „Bling Ring“ од октомври 2008 до август 2009 година ограбила повеќе од 50 домови на славните, а некои и повеќе пати. Вкупната вредност на ограбените работи била околу три милиони долари.

Напиши коментар