Celebrity

Хермиона во еротски трилер

Ема Вотсон е во трка за главната улога во адаптацијата на романот „Педесет нијанси на сиво„.

Ема Вотсон или во јавноста позната како Хермиона, од Хари Потер е во трка за главната улога во филмот „Педесет нијанси на сиво„. Овој филм е адаптација на романот кој во моментов ги руши сите рекорди. Најпрво се споменуваше дека Анџелина Џоли ќе го режира овој филм, но таа ги демантираше ваквите гласини.

Во романот се раскажува приказната за една студентка која склопува сексуален пакт со еден мистериозен бизнисмен.

За улогата на бизнисменот сега за сега како потенцијални актери кои би можеле да ја добијат улогата се споменуваат имињата на Крис Пајн и Александар Скарсгард.

Напиши коментар