After Midnight

Квалитетот на врската според хороскопот

Секој хороскопски знак си има свои карактеристики кога станува збор да врските и нивното времетраење.

 

ОВЕН

Овните за заљубуваат брзо и силно, дури и прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со истите тие одлуки и бегаат од нив, што понекогаш трае со месеци. Во главно паѓаат во период на проценување и повторни состаноци и притоа се обидуваат да ја оживеат страста во врска, а во текот на тој период најчесто и одлучуваат како се чувствуваат и дали ќе се смират. Ако не успеат да ја оживеат страста, тогаш бараат нова љубов.

 

БИК

Кога еднаш ќе запознаат личност, се врзуваат и најчесто остануваат со неа до крајот на животот, односно додека сексуалниот живот им функционира. Ако страста испари или ако едноставно нема интерес за секс, ќе побараат возбуда на друго место – најчесто позади Вашиот грб. Неверството никогаш нема да го признаат, само во име на врската која трае засекогаш. Со други зборови, и ако се неверни, нема да Ве остават.

 

БЛИЗНАЦИ

Близнаците и покрај клишеата се верни, и никогаш не ја напуштаат личноста, ама сакаат да ја тестираат да видат колку љубомора може да предизвикаат. Всушност, тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со што повеќе луѓе. Само од таа причина често остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе кои што не можат да поднесат шетање на погледот на маж Близнак или заведување на женски припаднички на знакот. Близнаците ќе ги воздржите и ќе ги задржите доколку и Вие нив ги направите љубоморни. Така врската ќе Ви остане засекогаш.

 

РАК

Овој знак најмногу сака да се предаде на една личност и да заврши со тоа. Не сака фама, игри и проблеми кои носат било каков сомнеж или несигурност. Сепак, може да биде доста љубоморен, да бара и повеќе внимание, нежност и да биде несигурен што често ги отфрла луѓето кои го сакаат. Не треба да се грижите за тоа дали овој знак Ви е верен, затоа што кога еднаш ќе го венчате, Ракот е Ваш засекогаш.

 

ЛАВ

Лавовите се многу внимателни пред да се заљубат. Можат да поминат и неколку недели пред нивната љубов да процвета затоа што овој знак сака игри, заведувања. Кога ќе им се случи љубов, најчесто се многу страствени и предадени, ама само година-две. Луѓето родени во знакот на Лав имаат немирно срце кои ги прави моногамни, ама немаат многу врски кои им траат повеќе од година дена.

 

ДЕВИЦА

Овој тврдоглав, практичен знак сака кратко додворување со малку секс. Всушност, се работи за знак кој што би се воздрал од секс пред брак. Најверојатно и после бракот ќе избегнува секс. Многу Девици се наоѓаат во брак во кој ретко се консумира секс и во кој со години, посебно жените, со затворени очи ќе гледаат на неверството на партерот.  Се додека имаат материјално добро и сигурност, како и углед во друштвениот живот, врската на Девицата долго ќе трае.

 

ВАГА

Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски, затоа што во врската пред се, се пријатели. Сепак, лесно се заљубуваат и одљубуваат, а несигурноста и неверството може да ја уништи нивната врска. Врската со Вага ќе трае се додека ја држите заинтересирана во кревет и додека имате желба да и дадете многу внимание.

 

СКОРПИЈА

Луѓето родени во знакот на Скорпија се меѓу најверните знаци во зодијакот. Тие се едни од најпривлечните и нај харизматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секаква конкуренција. Тоа прави многу несигурност, поради што врската после година две се распаѓа. Освен тоа, не се замерувајте со овој знак, без пардон ќе Ве забоде во грб кога најмалку очекувате.

 

СТРЕЛЕЦ

Ова е неодлучен знак, кој има проблем со предаденоста на една личност. Кога се долго на едно место или во една врска, стануваат немирни. Ако сакате Вашата врска со Стрелец да трае со години, морате да им дадете доволно слобода. Можеби понекогаш ќе мора да поминете и преку неверство.

 

ЈАРЕЦ

Јарецот е доста традиционален знак кој што очекува традиционална венчавка придружена со долготрајна фаза на додворување и не многу секс пред брак. Овој знак исто така очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го постигне или добие, останува со партнерот долго време. И сексот и децата претставуваат начин на кој што ќе го задржите Јарецот. Неверството за Јарецот значи крај на врската.

 

ВОДОЛИЈА

Ова е многу немирен знак на кого му е проблем да остане со некого во врска подолго од два дена. Со разновидноста сакаат да го зачинат животот. Исто така не се премногу сексуални. Може да им се случи една личност максимално да ги фасцинира и импресионира со својот свет, а потоа одеднаш да изгубат интерес. Најдобра шанса повеќе години да поминете со Водолија е да ја стимулирате нејзината интелектуална страна, така што никогаш нема да и биде досадно. Би било пожелно и да сакате патувања.

 

РИБИ

Рибите се еден од најверните и нај предадените знакови од зодијакот. Тие сакаат врски кои што ќе траат цел живот. Иако се работи за многу морални знакови, неверсвото не им е непознато, ама тоа никогаш нема да го признаат на партнерот. Рибите се тие кои што се венчаваат со средношколската љубов и остануваат со неа до крајот на животот.

 

Напиши коментар