Free zone

Храброст или лудост? Украл автомобил на саем за автомобили

На саемот за автомобили во Зимбабве се случила малку чудна ситуација. Еден познат политичар седнал во еден од автомобилите на Форд и си заминал со него.

Aron Mozung, 38, лидер на една помала опозициска партија следниот месец ќе одговара пред судот за кражба на автомобил.

Според судските документи, тој со нов Форд поминал 1.300 км пред да биде фатен. Тој во одбрана пак изјавил дека имал намера да го купи автомобилот.

Клучевите биле во автомобилот кога тој седнал во него, обезбедувањето на саемот било слабо. Во тоа време претставниците на Форд приредувале музичко шоу, па не обрнале внимание на кражбата.

Инаку Форд во Зимбабве го донеле првиот автомобил пред околу 100 години.

Напиши коментар