After Midnight

Храна –афродизијак за одличен секс!!!

Сигурно веќе сте запознаени дека чоколадото и остригите се вистински афродизијаци, но еве уште неколку видови храна кои треба да ги јадете за дополнително да ја зголемите сексуалната желба и да го „зачините“ вашето сексуално искуство:

Јагоди, бадеми, бел лук и смокви: Според старите Римјани, секоја храна која има облик на женски јајник е вистински афродизијак.

Аспарагус: Освен што аспарагусот е многу здрав, тој содржи и протодиосцин, хемикалија која ја поттикнува сексуалната желба.

Артичоки: Во стариот Египет артичоките се јаделе сирови бидејќи се верувало дека ја зголемуваат сексуалната моќ и плодноста.

Ким: Древните жители на Блискиот исток сметале дека кимот, во комбинација со црниот пипер и медот, е вистински природен стимуланс кога станува збор за сексот.

Коријандер: Се смета дека оваа билка ја зголемува плодноста.

Аронија бобинки: Не само што се преполни со антиоксиданси, туку бобинките од аронијата ја зголемуваат и сексуалната желба. Тие се вистински хит во Бразил, каде се мешаат со гуарана, но вие може да го испробате и нивното дејство доколку сокот од бобинките го помешате со мед.

Напиши коментар