Celebrity

Hugh Jackman е новиот Wolverine!

Актерот Hugh Jackman изјавил дека ќе почне со снимањето на филмот „The Wolverine“ и тоа овој август.

Снимањето на филмот требаше да започне многу порано, но било одложено поради земјотресот и цунамито во Јапонија во март, 2011 година. По тие настани, режисерот Darren Aronofsky се откажал од проектот. Филмот бил одолговлекуван и поради обврските на Jackman кон филмот „Les Miserables“.

Филмот ќе биде заснован врз минисеријата „Wolverine“ на Chris Claremont и Frank Miller од 1982 година. Во остварувањето, Logan се бори со нинџи и Сребрениот самурај.

Снимањето ќе се одвива во Јапонија и Австралија. Сценариото е дело на Christopher McQuarrie, а овој пат режисер ќе биде Mark Bomback.

Напиши коментар