Celebrity

И Бијонсе стана режисер

Пејачката, актерката и новопечената мајка Бијонсе, од сега има и нова професија.

Бијонсе ќе се обиде и како режисерка. Таа ќе режира филм и тоа за сопствениот живот. Според информациите на странските медиуми во овој филм ќе бидат откриени многу интимни детали од нејзиниот живот и од заедничките моменти со нејзиниот сопруг Џеј Зи.

Овие денови Бијонсе интензивно работи во едно холивудско студио на подготовките за филмот кој би требало да се прикаже многу наскоро. Во филмот кој таа го режира и продуцира, ќе се појави и како главна улога. За неа ова не е прва улога во филм, а се најавува дека ќе ја видиме и во новиот филм на Клинт Иствуд во филмот “A Star is Born”.

Напиши коментар