Celebrity

И Џастин Бибер стана актер?

На шала или не, младиот пејач Џастин Бибер изјави дека добил понуда за главната  улога во екранизацијата на контраверзниот еротски роман „Педесет нијанси на сива„

При гостувањето во телевизиското шоу на Џонатан Роса, Џастин изјавил дека и покрај својот младешки и навивен изглед, ја добил улогата на контраверзниот бизнисмен Кристијан Греј.

Продуцентите сакаат да ме видат мене во филмот, изјавил Бибер без при тоа да каже дали тој ја прифатил улогата или не.

До сега се шпекулираше дека главната машка улога може да ја добијат Рајан Гослинг и порно ѕвездата Џејмс Дин. Главната женска улога и припадна на Ема Вотсон.

Напиши коментар