Пречестата сексуална активност според традиционалната кинеска медицина, може да ја намали виталноста на телото и предизвикува предвремено стареење….
А колку секс всушност е премногу ?
Кинезите со векови го пренесуваат учењето дека прекумерен секс, може да предизвика слабост во грбот и зглобовите, прерана ејакулација ( кај мажите ) и проблеми со секретот ( кај жените ).
Меѓутоа, „ дозата “ на секс, зависи од годините што ги имате…
Пред 30те години- Женската сексуална енергија го достигнува својот врв во 28та година, а машката во 32та. Можете да имате секс секој ден, без да ја нарушите животната енергија…
Помеѓу 30 и 35 години- Во овој период, оптимално е да имате секс два до три пати неделно…
Помеѓу 35 и 42 години- Женската сексуална енергија опаѓа после 35та година, а машката после 42та. Во овој период, доволно е да водите љубов еднаш до два пати неделно…
После 42та година- Многу жени во овој период влегуваат во менопауза. Тогаш сексуалната енергија е во понатамошен пад и постепено се намалува либидото. Сексот еднаш неделно или еднаш во две недели се смета за оптимален…
