Сладоледот е нашиот омилен десерт кој успешно нé разладува и ја задоволува нашата потреба за слатко и вкусно.
Тој е богат со калциум
На возрасните личности дневно им е потребно околу 1.000 мг калциум, додека на трудниците и децата им е потребна малце поголема количина за тој минерал. Заради млекото и слатката павлака во составот, оваа намирница добро ќе ви послужи како извор на калциум. Освен тоа има и витамин А и Б.
Помага во одржување на телесната тежина
Заради процентот на шеќер и млечните масти овој ладен десерт се смета за убиец на добрата линија, но научниците сметаат дека високата количина на калциум е доволна за да ја намали калориската вредност на сладоледот.
Богат е со витамини и антиоксиданси
Овошниот сладолед, нормално оној кој е подготвен со свежо овошје содржи витамини, додека оној со вкус на кафе и чоколада, ако навистина се спреми на вистинксиот начин со сигурност обезбедува антиоксиданси и полифенол кој го штити срцето.
