На Аманда Сејфилд ѝ е понудено да ја игра Козета, додека пак, на Тејлор Свифт ѝ ја доделиле улогата на ќерката на Тенардие, Епонина. Се работи за големиот филмски хит „Клетници“, каде во трка за главните улоги биле голем број на познати актери од калапот на Скарлет Јохансон и Леа Мишел.
Мајката на Козета ќе ја игра Ен Хатавеј, која инаку е само три години постара од Аманда. Тејлор, пак, била на аудиција за улогата во неомври, минатата година и режисерот Том Хупер смета дека таа е најсоодветен лик кој најдобро би го отелотворил карактерот на Епонина.
Дел од филмот официјално се и Расел Кроу, Хју Џекман, Саша Барон Коен и многу други.
Филмот ќе биде прикажан во кината на 7-ми Декември, 2012 година.
