Иако поголемиот дел од нас тешко признаваат дека чувствуваат одредена доза на љубомора, сепак секој од нас е свесен за тоа чувство и го осетил на своја кожа. За да не ве измачува повеќе, дознајте како можете да го совладате.
Разговарајте за своите чувства
Ако чувствувате љубомора, најпрво што треба да направите е да разговарате со партнерот за тоа за да не прерасне во бес. Разговарајте за причините кои ја предизвикале љубомората, само така може да добиете објаснување, а на вас останува да процените дали навистина има причина за сомнеж.
Решете се од несигурноста
Една од главните причини за љубомора е несигурноста. Поработете на самодовербата, а потоа реално согледајте ја целата ситуација. Но, во никој случај не се потценувајте.
Обидете се целата ситуација да ја гледате од друг агол
Кога сме нервозни и љубоморни, набрзина донесуваме заклучоци кои може да предизвикаат проблеми. Затоа обидете се да ја гледате целата ситуација и само замислете се како набљудувач на вашата врска. Гледајте како изгледате вие двајца од страна. Само така реално ќе ја согледате ситуацијата и ќе донесете заклучок без да бидете понесени од моменталните чувства.
