Здраво тело

Идеален фитнес план за мрзливци !!!

Не отидевте да повежбате поради Вашата омилена ТВ серија???

Не чувствувајте кривица !!!… можете да вежбате и пред телевизорот!!!

Експертите за здрав живот – Heder Bauer, Tanja Cukerbrot и Bruk Marone смислија 10 начини како да согорувате калории, а да не пропуштите ни секунда од Вашата омилена ТВ серија.

Мора да се признае дека станува збор за одлична идеа, но мора да се напомене дека ваквото вежбање треба да се практикува во исклучителни СОС ситуации и никако не смее да го замени Вашиот вообичаен тренинг.

1. Прескокнувајте јаже на рекламите. 4 серии по 2 минути ( 111 калории ).

2. Застанете пред софата и направете 10  чучења во 4 серии ( 80 калории).

3. Додека ја гледате серијата подигајте ги и спуштајте ги нозете 5 пати по 10 серии ( 50 калории )

4. Дигнете ги рацете во вис и направете кружни движења по 1 минута во 3 серии ( 20 калории )

5. За време на рекламите со брз од или трчење, тркнете до кујната да се напиете вода и со истото темпо вратете се на омиленото место ( 30 калории )

6. Земете 2 тега од по 1 килограм, ставете ги рацете над главата така што рацете да ви бидат во висина на ушите и подигајте ги теговите. Направете три серии од по минута време ( 30 калории )

7. Купете си топка за пилатес. Седнете на топката и направете неколку стомачни вежби од по 1 минута во 4 серии ( 50 калории )

8. Доколку Ве мрзи да ја направете претходната вежба… размрдајте го торзото седејќи врз топката половина час ( 40 калории )

9.  Застанете метар и пол пред телевизорот и правете расчекори 5 минути ( 40 калории )

10. Легнете на земја. Подигнете го телото со рацете и задржете ја таа положба 1 минута во 2 серии ( 35 калории )

И додека трае Вашата омилена серија Вие изгубивте околу 500 калории за половина час !!!

Write A Comment