After Midnight

Постои ли идеален маж?!

Речиси не постои жена која верува дека еден ден ќе го сретне принцот на бел коњ, покажува најновото истражување спроведено од тим сексолози и социолози. Експертите не успеале да најдат жена што е сосема задоволна од својот партнер. Жените стигнеле до заеднички заклучок дека идеалниот маж не живее на оваа планета.

Со тек на време недостатоците се појавуваат и се повеќе започнуваат да им пречат на жените. На база на одговорите на жените специалистите утврдиле, дека мажите дразнат најмногу со гледањето телевизија, страсната манија по фудбал и тоа што речиси никогаш не ја затвараат врата после себе.

Голем дел од жените ги гледаат многу јасно машките недостатоци но свесно си ги затвараат очите. Тоа што мажите само изгледаат дека слушаат, а всушност не слушаат ништо од тоа што им зборувате, е причина за многу од скандалите.

На крајот од краиштата сите жени се помируваат со фактот дека обичниот маж тешко може да се споредува или конкурира со Дејвид Бекам!

Напиши коментар