After Midnight

Идеи за екстремен секс

Спремете се за добар одмор. Сé што ви треба е еден куфер полн со купаќи, секси долна облека, чипкани танги, подвезици, кратки наметки…

Вие сте спремна за вистинско уживање со вашиот партнер.

Кога ќе го имате сето ова ќе ви требаат и неколку идеи за откачен, поинаков и екстремен секс, кој доликува на опуштеното лето.

Бидете голи

Ако не сте доволно храбри да одите на нудистичка плажа, тогаш бидете голи во апартманот. Непрекинатото гледање во голо тело е одличен афродизијак.

Превез на очите

Врзете ги очите и потполно препуштете му се на партнерот. Користете ги другите сетила, за мирис, допир, слух…

Дознајте ја магијата на масажата

Користете масло за масажа со мирис кој едноставно ќе ве води кон лудо и неконтролирано секси однесување.

Храната како афродизијак

Дозволете си романтична вечера во која ќе уживате со многу трпение, а десертот јадете го еден од друг.

Чаша плус е дозволена

Кога сте на одмор треба да одморите и од сите правила на “нормално” однесување. Дозволете си една вечер многу алкохол и едноставно не мислете на утрото по тоа.

Напиши коментар