Летото е период кога инсектите владеат. Освен тоа што може да додеваат, знаат и да направат одредени компликации, особено на лицата кои се алергични на убоди од инсекти. Пред да посегнете по готовите средства кои се преполни со хемикалии, спасот побарајте го во природата.
На комарците и на останатите инсекти им сметаат некои мириси, па токму нив употребете ги за да го спречите нивното влегување во вашиот дом. Инсектите го мразат мирисот на лаванда, домат, босилок… затоа засадете некоја од овие билки. Додека вие уживате во убавата арома, тие ќе бегаат од нив.
Доколку пак се случи да ве касне комарец, чешањето и отокот може да го намалите со алео вера. Мачкајте го местото со нежни движења. Тоа може да го сторите и со коцка лед или пак со парче прирден сапун. Само намокрете го сапунот и со кружни движења поминувајте на местото на убодот.
