Free zone

Имате скршено срце? Не се секирајте има лек и за тоа

Од сега љубовната болка ќе биде минато. Научниците создале таблета која во иднина ќе го лечи скршеното срце. Американските научници тврдат дека го пронашле лекот за скршено срце. Па така сега љубовните болки ќе ги заборавиме многу брзо и лесно со помош на овие таблети.

Тие веќе направиле една студија да видат како реагираат мозочните клетки на овие таблети и тврдат дека тие функционираат на принципот како што апчињата за глава ни ја спречуваат главоболката.

При тоа научниците утврдиле дека болката по прекинот на врската или загува на блиска особа при смрт може да се ублажи со аналгетици.

Интересна е и информацијата дека луѓето кои имаат ниска толеранција на физичка болка, посилно ја чувствуваат емотивната.

Напиши коментар