Здраво тело

Истражувачите тврдат, јајцата се поздрави од пред 30 години

Јајцата се поздрави од пред 30 години, барем така велат експертите, а тоа се должи пред се на различната и нова исхрана на кокошките

Во јајцата денеска има 25% помалку заситени масти, кои обично се поврзуваа со срцевите заболувања, открило едно истражување на британското Министерство за здравство.

Покрај тоа што содржат помалку заситени масти, тие имаат и помалку холестерол, калории и се побогати со витамин Д отколку пред 30 години.

Јајцата денеска содржат околу 177, додека порано имало 202 микрограми холестерол.

Експертите велат дека јајцата денеска се поздрави, поради новата и сменета исхрана на кокошките.

 

Write A Comment