Celebrity

Итан Хоук во нов трилер!

Актерот Итан Хоук ќе ја глуми главната улога во футуристичкиот трилер „Vigilandia“, најавува студиото „Universal“.

Сценариото за нискобуџетниот филм е напишано од Џејмс Демонако, а почетокот на снимањето е закажан за 13-ти Февруари. Барем засега, приказната на филмот се чува во тајност.

Филмот ќе се снима под продуцентската палка на Џејсон Блум, кој е најпознат по филмот „Паранормална активност“. „Vigilandia“ќе биде прва соработка на студиото „Universal“ и продуцентската куќа „Bloomhouse Production“ која е основана од Џејсон Блум.

Итан Хоук и Блум веќе имаат соработувано на трилерот „Sinister“ кој се прикажуваше во кината минатото лето.

Напиши коментар