After Midnight

Изгледот го издава мажот!

Пронајдовме едноставни но и корисни правила кои ќе ви помогнат само со еден поглед кон вашата симпатија, да откриете многу за нешта за него.

Мажот со изразени раменици, тесни колкови и рамен стомак, е роден заводник, наклонет кон флерт и љубовни авантури. Доколку успеете ваков маж да врзете за себе, секојдневно ќе ве опсипува со внимание и бакнежи.

Мажите со високо чело се многу чувствителни и имагинативни, интересно е со нив во друштво, бидејќи сакаат да приредуваат слатки задоволства. Коцкасто чело, пазете се, многу е ладен и шкрт на зборови!

Внимание со мажите кои ги красат големи и долгнавести уши, таквите мажи, уживаат во самотијата и тешко се приврзуваат за луѓето. Додека мажите со мали и меки уши се верни кон партнерката. Одлика на храбрите мажи е изразито месната ресичка.

Каде и да се појави, високиот маж, остава силен впечаток, додека тие со помалку сантиметри ја надокнадуваат висината со шарм и со духовитост.

Адамовото јаболко е спуштено, пред вас е исклучителен љубовник. Бидејки адамовото јаболко се спушта под дејство на хормонот тестостерон, кој го имаат помажествените мажи. Значи, што е пониско тој е поинвентивен, порасположен за секс и по страствен.

Брадата некогаш може многу да ни открие.

–       Нагласена: Многу импулсивен и неодговорен.

–       Мала, неупадлива: колеблив и никогаш нема да знае што сака.

–       Дупче на брадата: пред вас е вистински романтичар кој секогаш ќе ви угодува.

 

 

Напиши коментар