Celebrity

Излезе нечуена песна на Michael Jackson!

Песната на Michael Jackson со наслов „Don’t Be Messin’ Around“ е снимена во далечната 1987 година, а на интернет се појави дури вчера.

Оваа песна е објавена од дискографската куќа „Sony Music“, а поводот за овој чекор е навршувањето на 25 години од излегувањето на албумот на Jackson по име „Bad“. Песната која е објавена вчера може да се слушне во оригиналната, неретуширана верзија. Првобитно, таа требало да се најде на гореспоменатиот албум, но потоа била отфрлена како недоволно добра.

Во септември во продажба ќе се најде делукс изданието на овој албум, а на него ќе ги има и снимките од настапот на Jackson на Вембли стадионот во Лондон во 1988 година.

Вака звучи новата песна:

http://www.youtube.com/watch?v=lFd3H-2NtHM&feature=player_embedded

Напиши коментар