Здраво тело

Јаболки и грозје за помалку килограми

Важен елемент за успешно слабеење е добро избалансираната исхрана која вклучува и овошје. Нутриционистите препорачуваат од две до четири порции овошје во денот. Порција јаболки и грозје содржи помлаку од 100 калории, а воедно и многу витамини, минерали и влакна. Антиоксидансите кои ги содржат овие овошја се важни за здравјето, убавината но и за успешно слабеење.

Додајте една јаболка и шолјичка грозје на појадокот. Што и да јадете за појадок, додадете ги овие две овошја. Тоа ќе ви го забрза метаболизмот, калориите побрзо ќе се согорат.

Заменете ја брзата храна со ова овошје. Наместо чипс или слатки пробајте да јадете јаболки и грозје.

Срзнато грозје како летен десерт. Наместо сладолед јадете смрзнато грозје. Ќе внесете многу малку калории, а воедно ќе уживате во ледениот десерт.

Јадете го и со салата. Направете вкусна салата од зелка во која ќе додадете и рендана јаболка. Оваа комбинација е одлична за слабеење.

Write A Comment