Celebrity

Jaden Smith како ладнокрвен, сериски убиец!

Синот на познатиот актер Will Smith добил улога во серијалот „Boy Nobody“ направен според романот на Allen Zadoff.

Jaden Smith (13) веќе ја освои публиката со улогата во филмот „Karate Kid“, а сега му се подготвува нова улога во акциониот серијал на филмското студио „Sony“. Приказната го следи еден тинејџер кој е „платен убиец со испран мозок“, истрениран да не чувствува ништо и да убива без трошка грижа на совест. Од студиото го опишуваат филмот како тинејџерска верзија на James Bond.

Во план е да се сними триологија. Снимањето ќе започне кога Jaden ќе заврши со обврските во филмот „После Земјата“ на M. Night Shyamalan, во кој глуми заедно со својот татко.

Write A Comment