Здраво тело

Јадете луто – бидете здрави …

Љубителите на лутите зачини ќе уживаат поради резултатите од новите истражувања…

Состојките од лутите пиперки делуваат на низа фактори кои директно влијаат на здравјето на нашите крвни садови и срцето.

Истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг констатирале дека лутите состојки од чили пиперките, можат да го спуштат крвниот притисок и да го намалат нивото на холестерол.

Тимот посебно се фокусирал на делувањето на групите материи познати како „капсаициониди“, состојки од пиперките, кои даваат лутина. Авторот на студиите, Зен Ју Чен, кажува:

– Нашето истражување додаде нови докази и го прошири нашето знаење за делувањето на состојките од чили и делувањето на работата на срцето. Сега имаме појасен и подетален портрет на влијанието на гените и другите механизми кои влијаат на холестеролот и здравјето на крвните садови.

Капсаициноидите го блокираат и делувањето на гените, кое го поттикнуваат контракциите на артериите. Со блокирањето на гените, мускулите се опуштаат и овозможуваат подобра циркулација на крвта во срцето и другите органи.

– Во секој случај, нашата цел не е да ги поттикнуваме луѓето да јадат чили во неограничени количини. Добрата исхрана произлегува од рамнотежата. Чилито може да биде добар додаток во исхраната, но сепак не може да ги замени припишаните лекови.

Write A Comment