After Midnight

Јагоди во кревет

Јагодите пристигна! Без оглед на тоа дали ги јадете свежи или со колачи, со или без шеќер, сладолед, шлаг, тие освежуваат, лечат и возбудуваат.

Еве како:

Во светот има дури 400 врсти на ова овоштие, а во кулинарството јагодата има завидно место. Но, според доказите на истражувањата, оваа слатка црвена овошка е делотворна при лечење на гихт, авитаминоза, омалаксаност, слабокрвност, хемороиди, артериосклероза, висок крвен притисок, но и проблеми со либидото.

Јагодите им се  препорачуваат на мажите и на жените , поради, изобилните витамини, влакна, фолна киселина и железо,  за да го подобрат својот сексуален живот.

Треба да се јадат свежи, измиени , но без сецкање, за да не им се уништуваат витамините.

Идеални се за завршница на интимната вечера- како украс кој плови во чашата со шампањ или на десертот – во растопена чоколада, сладолед, шлаг или мед  да го храните партнерот.

Поради неговата црвена боја и срцевиден облик, јагодите се симбол на Венера, Божица на љубовта.

Спред Легендите, доколку ја поделите јагодата на половина и ја изедете со личност  од спротивниот пол, сигурно меѓусебно ќе се вљубите.

Напиши коментар