Паровите се караат најмногу во јануари! Лошото време, мрачните денови и влошената финансиска состојба прават се повеќе луѓето да си седат дома и тоа станува причина за мноштвото караници кои често завршуваат и со разделба. 65% од учесниците зајавиле дека се разделиле со партнерот во јануари. Британците поминуваат средно од 14 – 15 часа дневно дома и во јануари имаат средно по 20 кавги со партнерот. Тоа значи дека првиот месец од годината караниците со парнерот траат вкупно 4 часа.
За сметка на тоа, во лето жителите на островот поминуваат само 10 часа дома и имаат многу помалку кавги, за разлика од јануари, месец во кој е достигнат пикот. 40% од нив тврдат дека страдаат од јануарска депресија, а 46% сметаат дека тоа е најдепресивниот месец во годината.
Недостатокот на сончева светлина и физичка активност не прави да се чувствуваме летаргични и депресивни. Ако го додадеме кон ова досадата, финансиските потешкотии и премногу слободното време се стига до идеалната рецепта за караници и разделби.